Белгија: Победа за Нико, но Алонсо и Хамилтон се хероите

Нико Розберг стигна до својата 20та јубилејна победа во кариерата и се изедначи со Кими Раиконен и Мика Хакинен на вечната листа. Сепак, Фернандо Алонсо и Луис Хамилтон кој стартува 20ти и 21ви, а завршија на 7мо и 3то место се вистинските херои на денешната трка во Спа-Франкошамп. Со својот 14ти подиум во кариерата, 2то место му припадна на Даниел Рикардо, а двајцата возачи на Форс Индија беа во топ 5 и со тоа го превземаа 4то место екипно од Вилијамс.

start_spa

Трката почна со хорор филм во режија на Скудерија Ферари. Откако Макс Верстапен тргна многу бавно, двете “коњчиња“ го нападнаа, но Ветел влезе во кривината “како да е негова“, удри во Раиконен, а овој во Верстапен. Со тој маневар германецот ја уништи тркта на двајцата конкуренти, но отвори широки врати за Даниел Рикардо и 2та возачи на Форс Индија. Останатиот дел од трката беше “лимитирање на штетата“ како што често сака да каже Хамилтон.

rai_ogan_spa

Првиот круг значеше крај за трката на Паскал Верлејн кој сакаше да види како изгледа задниот дел од болидот на Џенсон Батон и влета во него. Трката по еден круг ја заврши и Маркус Ериксон, но и Карлос Саинз чиј пневматик предизвика фатални последици на неговиот болид и речиси “го размонтира“.

Следното возбудување беше кругот број 6 кога Кевин Магнусен на излезот од О Руж изгуби контрола и со огромна брзина се заби во заштитната ограда. Излезе од болидот кривејќи, а докторите констатирале дека има само исекотина на ногата иако претрпе удар со силина од 12,5 Г. Реното ја измести комплетно оградата на почетокот од правецот Кемел и поради тоа, откако се мина 4 кругови зад безбедносното возило, стјуардите го развејаа црвеното знаме.

Сите се повлекоа во боксот, а во тие моменти Розберг водеше пред Нико Хулкенберг и Даниел Рикардо. Пред гаражите механичарите на Ред Бул работеа со полна пареа да го променат предното крилот на Макс Верстапен, а италијанците со самолеплива трака се обидуваа да ги поправат штетите на подот од Ферарито со број 7 кое го вози Кими Раиконен.

ferari-salotejp-belgija

Сударите и прекините придонесоа Алонсо и Хамилтон веќе во тие моменти да станат херои. Пред рестартот, шпанецот беше 4ти, а Хам веднаш зад него.

restart2_spa

Трката продлжи во 11от круг, а веќе следниот Хамилтон лесно го мина Фернандо Алонсо во моменти кога на опашката жестока борба имаа Кими Раиконен и Макс Верстапен. Дуелот траеше 2 кругови во кои финецот константно се жалеше за лошото блокирање од тинејџерот.

Во 16от круг Себастијан Ветел ја најави својата кандидатура за поени, најпрво го мина Себастијан Гросжан за 9то место, а следниот круг и Даниил Квјат за 8мо.

18от круг беше моментот кога Хамилтон дојде до место на подиум, лесно минувајќи покрај Нико Хулкенберг.

Возачите на шампионскиот Мерцедес сменија пневматици во 22от и 27от круг. Хам прв влезе во бокс, но се задржа некоја секунда повеќе поради ненавремено спуштање на задната дигалка на болидот.

И Кими Раиконен во 2от крг влезе во поени откако “пролета“ крај Естебан Гутиерез.

Интересен дуел во 24от круг, но пред гаражите имаа Фернандо алонсо и Нико Хулкенберг. Тимот од Вокинг предоцна го пушти Алонсо по промената на гуми, а шпанецот не сакаше да му попушти на Нико кој веќе беше половина болид пред него.

alo_hulk_spa

“Црното коњче“ менуваше гуми во 23от и 24от круг, а веднаш потоа Ветел имаше неколку дуели со Верстапен и успеа да мине дури во 27 круг, еден круг пред влезот на возачот на Ред Бул по нови гуми. Во тие моменти Ветел беше 8ми, но во 34от круг го мина Маса за 7мо место, а следниот круг и Алонсо за 6то на кое заврши на крајот.

vet_max_spa

На три кругови пред крајот возбудувањеа сеуште имаше. По долго “влечкање“ зад Маса, Валтери Ботас го мина бразилецот за 8мо место, а следниот круг истото го направи и Кими Раиконен.

Од Вилијамс му дојавија на Ботас дека брзо ќе го стигне и престигне Алонсо пред него, но Фернандо уште еднаш покажа класа и со свој најбрз круг, во последниот возен, го потврди своето 7мо место.

Со своето 6то место, Себастијан Ветел го престигна кими Раиконен во проедокот и неговата разлика зад Даниел Рикардо е 23 поени. Хулкенберг “скокна“ на 9то место, а Алонсо на 11то, само 9 поени од најдобрите 10. Интересно е што Форс Индија со двојниот топ 5 финиш дојде на 2 поени пред Вилијамс на 4то место, а со поените на Алонсо, Мекларен го мина Торо Росо на 6то место.

[advanced_iframe securitykey=”006b4d8db8ba3ffa9c5b6e5d017ef95fa87e2bd5″ src=”http://www.bn-ms.com/bnms.com/formula1/plasman/rezultati-2016-13-belgija.html” width=”100%” max-width=”600″ height=”960″ id=”iframe-rezultati”]

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ