Белгија: Победа на Хамилтон на својата 200та трка

Луис Хамилтон стигна до својата 58ма победа на својата 200та Формула 1 трка, воедно носејќи им ја и 71та победа на Мерцедес. Ова беше подиум број 111 за британскиот возач, а 143ти за Мерцедес.

На второ место од почеток до крај беше Себастијан Ветел кој стигна до својот 95ти подиум, а Даниел Рикардо од Ред бул со одличен рестарт по безбедносното возило стигна до топ 3 и 24ти подиум во кариерата.

Надвор од пиедесталот остана Кими Раиконен кој беше 4ти, пред Валтери Ботас од Мерцедес. Најдобар од останатите повторно беше Нико хулкенберг кој се пласираше на 6то место, следуваше Роман Гросжан на Хаас, Фелипе Маса на вилијамс, Естебан Окон на Форс Индија и последниот поен го собра Карлос Саинз од Торо Росо.

Стартот на трката не беше возбудлив во однос на водечките затоа што оние кои се квалификуваа напред си ги задржаа своите позиции. Алонсо беше фантастичен и по само неколку кривини од 10то успеа да стигне на 7мо место.

По првата кривина “шнола“ контакт број еден се слуши помеѓу возачите на Форс Индија. Окон сакаше да мине однадвор, а Перез агресивно затвори при што десните гуми на французинот се “изложаа“ по оградата.

Паскал Верлејн со својот Заубер издржа само 3 кругови на патеката пред да го паркира болидот директно во гаражата откако мина едвај 5 минути на трка.

Од 4от до 6от круг беше најсфрустирачкиот момент за Фернандо Алонсо. Прво, во кругот број 4 му беше одземено 7то место од Нико Хулкенберг, следниот круг му беше одземено 8то место од Естебан Окон, во 5от круг беше минат од Серхио Перез, а во 6от круг го мина и Роман Гросжан, по што шпанецот падна надвор од поени.

Кругот број 8 беше кобен за Макс Верстапен. Повторно технички проблеми со Ред Бул РБ13 и негово 4то откажување на последните 6 трки или вкупно 50% незавршени трки од почетокот на сезонава.

Предвидувањата на Пирели се покажаа како точни, прв на софт промени Хамилтон во 12от круг, а истото по него го направи и Валтери Ботас. Луис излезе на 4то место, а финецот зад него.

Следни на софт променија возачите на Ферари, најпрво Себ, а потоа Кими по што поредокот остана непроменет и Луис повторно ја поведе трката.

Но, во овие моменти Раиконен дозна дека поради ненамалување на брзината за време на развеано жолто знаме предизвикано од откажувањето и запирањето крај патеката од страна на Макс Верстапен, ќе мора да отслужи казна од 10 секунди. финецот тоа го стори во 18от круг, се врати на трка на 8мо место, но веднаш го мина Серхио Перез за 7мо.

Потоа на ред за казна беше и Серхио Перез кој “ќари“ 5 секунди поради тоа што на правецот Кемел се занесе и ги мина Карлос Саинз од Торо Росо и Роман Гросжан од Хаас, но предоцна запре, излезе крај патеката и се здоби со предност пресекувајќи ја истата.

Во 25от круг Раиконен го достаса Нико Хулкенберг на Рено и на Кемел го мина лесно со помош на ДРС возејќи се на 5то место во тие моменти.

Кругот број 27 беше крај за фрустрациите на Фернандо Алонсо кој по многу пеколни борби и уште повеќе загубени позиции реши да го паркира Мекларен Хонда МЦЛ32 во гаражата.

Сударот број 2, но овој предизвика Безбедносно возило на патеката се случи во 30от круг. Наликуваше на оној од стартот, но овојпат Окон не се откажа и продолжи паралелно со Серхио по О‘Руж пришто делови се разлетаа на сите страни, а двата розеви болиди веднаш се упатија накај боксот.

Безбедносното возило остана 3 круга на патекта на големо негодување на Луис Хамилтон. Во тој период возачите на Мерцедес променија на софт, додека Ферари и Ред Бул се решија за ултрасофт. Во тие моменти се мислеше дека Скудерија има добитна стратегија, но не беше така.

Луис повторно тактизираше во негов стил за рестарт, но најдебелиот крај од тоа го извлече Валтери Ботас. Хам за малку куртули да биде минат од Ветел на крајот на Кемел, но Ботас од 3то падна на 5то место откако загуби позиција од Рикардо и Раиконен.

Последното откажување беше во 43от круг кога се паркираше во гаража Форс Индија-та на Серхио Перез.

Ветел го задржа водството во поредокот кое се намали на 7 поени, додека Ботас е дополнителни 34 поени. На 4то место е Даниел Рикардо кој е само 4 поени пред Раиконен, а Верстапен е на 6то место со 11 поени повеќе од Перез.

Мерцедес кај конструкторите има 392 освоени поени, односно 44 повеќе од Скудерија Ферари. Ред Бул се на 3то место со 199 поени односно 96 повеќе од Форс Индија. Вилијамс го задржа 5то место со 45 поени, Торо Росо имаат 40, Хаас 35, а Рено 34.

[table id=27 /]

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ