Бергер не се согласува дека Хамилтон е најдобар

Поранешниот Формула 1 возач и сегашен прв човек на ДТМ тркачката серија, Герхард Бергер, не се согласува со тврдењата дека Луис Хамилтон е најдобар возач на сит евремиња.

Британецот Хамилтон цели на својата 6та возачка титула сезонава, така што само Михаел Шумахер со сеудм ќе остане пред него на вечната листа.

нема сомнеж дека е голем возач, но најдобар на сите времиња, не верувам.

секако, статистички, има можност да го претекне михаел шумахер. врши одлична работа, но многу е тешко да се направи споредба и да се донесе заклучок – изјави бергер за Abendzeitung.

Блесокот на Хамилтон некако оди паралелно со падот на Себастијан Фетел за кои тврдат дека најдоброто е веќе зад него.

јас сеуште многу му верувам на себастијан. тој е многу мудар иако му е многу тешко во моментов. направи неколку грешки, но не само тој, туку погреши и тимот, но имаше и лоша среќа.

никој не смее да го отпише сезонава затоа што на среќа не се станува светски шампион и тоа четири пати.

Бергер во моментов ја предводи атрактивната ДТМ серија и не е изненаден од успесите на Мерцедес дури и по смртта на Ники Лауда.

не ме изненадува затоа што тото волф научи многу од ники лауда. екипата е одлично позиционирана и навистина многу ретко грешат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ