Бергер: Ферари греши што го фаворизира Фетел

Поранешниот возач на Ферари, австриецот Герхард Бергер, верува дека во Маранело грешат што преку тимските наредби го фаворизираат Себастијан Фетел пред Шарл Леклер на првите три трки од сезонава.

На предсезонскиот тест, тимскиот шеф Матиа Биното јасно кажа дека Себастијан ќе биде нивни приоритет сезонава во 50-50 ситуациите затоа што екипата смета дека искусниот четирикратен првак е нивна најдобра шанса за титула.

во моментов се е отворено и колку и да го сакам и ценам себастијан, таму имаат момче кое е способно за титули. мислам дека со тоа кажувам се. мислам дека грешат со тоа што толку надеж положуваат во искуството на фетел.

лани во монца маурицио аривабене кажа дека ја оставаат ситуациајта отворена и дозволуваат трка помеѓу возачите, но борбата за титула се решаваше и беше јасно дека ако некој од ферари има шанси за наслов, тоа беше себастијан, а не кими. тогаш јас би реагирал поинаку, но прашање е во кој дел од сезоната се наоѓате и каква е ситуацијата. не се согласувам дека уште од првата трка ви требаат тимски наредби и фаворизирање – смета бергер.

Австриецот, кој во моментов е прв човек на германскиот ДТМ шампионат, смета дека Себ во моментв е во тешка ситуација.

по последната трка тој самиот се доведе во тешка ситуација затоа што самиот праша и побара да биде пропуштен.ако не сте сигурни дека сте побрз од својот колега, тоа не е најдобра работа да се направи затоа што уништувате две трки.

нема сомнеж дека себ во моментов има тешка задача со младо момче кое му “диѓше во врат“, а мора да испорача титула за ферари што значи мора да ги побеи мерцедес и луис хамилтон, а тоа е многу тешко. тоа е голема главоболка за него.

Герхард смета дека италијанците биле во право што му дале место за трка на Леклер сезонава, иако тоа му ја отежнало работата на Матиа Биното.

вилијамс, ферари и мекларен секогаш ги носеле најдобрите возачи во своите болиди, а лимунот се цеди до максимум. за мене потегот на феерари е исправен, видоа можност во леклер и видоа дека се работи за многу талентирано момче и тајмингот да го донесат беше вистински.

леклер е фантастично момче слично како и макс верстапен за кого зборувавме птед две три години како и неговиот возачки стил. друг кој ме импресионираше по првите три трки, а не очекував да го направи тоа е ландо норис. фантастично е да се видат толку одлични млади возачи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ