Берни загрижен за успехот на Формула Е

Берни Еклстон е загрижен за се поголемиот успех на електричната Формула Е тркачка серија.

Поранешниот Формула 1 супремо кој беше тргнат од својата функција откако американците од Либерти Медиа ја превземаа тркачката серија, смета дека елетричната тркачка серија во која трките се одржуваат во градовите, може да стане водечка во иднина.

Запрашан од страна на француски Auto Hebdo што и посакува на Формула 1 во иднина, тој одговори:

да биде подобра и да нема никакви проблеми. неодамна зборував со еден шеф на екипа и му кажав да бидат внимателни кон формула е затоа што сметам дека таа серија може да превземе дел од фановите на формула 1.

ако граѓаните на големите градови немаат што да прават на денот кога има трка, тие може да ги купат ефтините карти и да го онесат целото семејство на овие трки – изјави берни.

Во ист стил, Еклстон смета дека многу од обожавателите на врвот на моторспортот се збунети од неверојатната комплексност на спортот.

не знам колку од фановите всушност ги разбираат модерните гранд при формула 1 трки.

одете во кина и прашајте дали знаат колку цилинди има моторот, колку гориво користат во текот на трката или колку мотори се дозволени во текот на сезоната. никој нема да го знае одговорот.

Тој исто така смета дека Мерцедес може да не се договорат со Либерти околку продолжување на настапите и да завршат со тркачката серија.

не знам, можеби ќе го најдат тоа што им треба во формула е.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ