Берни нема да оди на погреб кај Лауда

Берни Еклстон нема да присуствува на погребната церемонија на Формула 1 легендата Ники Лауда, која ќе се одржи во Среда.

70-годишниот австриец ќе биде погребан во готска катедрала во Виена со тркачко одело на себе. Тото Волф се очекува да одржи свој говор, а Хамилтон и Ботас да бидат присутни на погребот.

Сепак, иако Еклстон бил близок пријател со Ники, не отстапува од својата пракса да не присуствуа на погреби.

не сакам да го видам ники мртов. тој секогаш е жив за мене – изјави еклстон за Bild.

Отсуството на Берни нема да биде поради некакво непријателство и непочитување кон Лауда кој во својата кариера возеше за неговиот тим Брабам.

фабиана и јас го посетивме ники на клиниката во швајцарија на крајот на април и видов колку беше слаб и изнемоштен. очигледно беше дека нема да се врати во нормала.

Берни се присетува и на нивната средба пред Божиќ на Ибица кога се чинело дека операцијата за трансплантација на бели дробови ќе биде успешна.

работите изгледа тргнаа на добро тогаш, но одеднаш на ники му стануваше се полошо. како што реков, мислам дека тоа што на крајот не требаше да страда испадна добро за него.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ