Били Монгер ќе биде коментатор на Канал 4

Били Монгер ќе се приклучи на групата водители на британски Канал 4 за нивните преноси на Формула 1 во 2019 година.

Младиот британец, кој ги загуби своите нозе во судар во Формула 4 на патеката Донингтон Парк во 2017 година, ќе работи покрај Дејвид Култхард и Марк Вебер при преносот на главните сегменти.

Воодушевен сум што ќе се приклучам на Канал 4 оваа сезона, притоа учествувајќи во мојот тркачки календар.

Ги следам преносите на Формула 1 на телевизија од млади години и иако мојата цел останува тркањето во тие болиди еден ден, навистина сум возбуден што ќе ја имам и оваа улога во падокот годинава – изјави Монгер.

Канал 4 постигна договор со Скај да прикажуваат главни сегменти од сите трки годинава, како и пренос во живо на Британското Гранд При.

Преносот на каналот ќе биде воден од Стив Џонс, а Дејвид Кулхтард ќе му се приклучи на Бен Едвардс во коментаторската просторија. Поранешниот тимски шеф, Еди Џордан и Ли Мекензи ќе бидат и понатаму приклучени на неколку трки оваа година.

Монгер, кој минатата година ја освои наградата на ББЦ за спортска личност на годината, сеуште не ги потврдил своите тркачки планови за 2019 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ