Биното му простил на Леклер за “утката“ на квалификациите

Шефот на Ферари, Матиа Биното, објасни зошто му простил на својот возач Шарл Леклер за тоа што не го испочитувал тоа што било договорено во тимот во пресрет на квалификацитие во Италија.

Откако се случи фарсата во последниот К3 сегмент во Монца, Себастијан Фетел изјави дека не е задоволен затоа што неговиот колега не ги одработел квалификациите псоред планот, кој велел дека Леклер треба да биде напред и да го повлече него.

Најголем дел од кругот Шарл беше зад Себ, но го мина на правецот пред Параболика откако инженерите му рекоа да го стори тоа, но беше единствен заедно со Карлос Саинз кој доби можност за нов круг.

Како што Леклер го комплетираше својот почесен круг по освојување на пол позицијата, Биното се јави преку радиото и рече “простено ти е“, по што се навестуваше дека имало некое недоразбираање во тимот.

тоа значеше дека се што се случило минатите денови за што сме дискутирале и ќе остане внатре во тимот му е престено затоа што заврши добра работа. на овој начин сакав да му кажам дека сме заодолни со работата која што ја завршил – објасни биното.

Запрашан дали “инцидентот“ ќе има влијание врз односите во тимот, шефот појасни дека Фетел веќе заборавил на тоа што се случило.

тоа нема да влијае на ништо во тимот. дискутиравме нешто интерно, постојат различни гледиште, но исходот е секако чуден за сте.

најважно е што себ веќе сврте нова страниа и гледа кон она што следи. момците се одлични, целосно им верувам и сметам на нив и ништо нема да се промени, сигурен сум во тоа.

не значи дека нема да се повтори затоа што никогаш не се знае, конкуренијата е огромна и важно е да ги научиме лекциите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ