Биното не ги криви Пирели за овогодишниот хаос со гумите

Матиа Биното е свесен колку италијански Пирели имал тешка работа со овогодинешните гуми и поради тоа не ги обвинува за хаосот во кој најголем дел од екипите не може оптимално да работат со пневматиците.

Тимот од Маранело беше помеѓу екипите кои бараа да се вратат ланските гуми за вториот дел од сезоната поради тоа што сметаат дека овогодинешните пневматици им даваат голема предност на Мерцедес, но не добија доволна поддршка за да го оствара тоа.

нема сомнеж дека пирели ги развива гумите на најдобар можен начин. го работат тоа низ својата развојна програма, тестирањето на патеката со сите екипи и последниот заеднички тест во абу даби каде учествуваат сите со гуми кои се речиси си исти со тие за следната година.

не ги обвинуваме пирели за сработеното, тие даваат се од себе, но единствениот начин на кој можеме да промениме нешто доколку сметаме дека не е доволно добро е да најдеме поддршка од 70% од екипите на гридот.

тоа е веќе готово, но беше готово и пред австрија. ако ви треба толкаво големо мнозинство, никоја работа нема да може да се промени во текот на сезоната, а тоа е штета. сметавме дека ланските гуми беа подобри за целоо шоу и возење со нив ќе беше многу поголем спектакл.

тимовите немаат никаков удел при изборот на гумтие за секоја следна година, единствено можеме да ги промениме при гласање со огромно мнозинство. мислам дека фиа треба да го промени тоа – смета биното.

Запрашан зошто смета дека ланските гуми би биле подобри, Матиа елаборираше:

мислам дека ако ја погледнете сезоната, многу екипи вистински се мачат да ги загреат гумите. тој момент е многу точен и тешко се постигнува и ако не успеете да ги загреете соодветно, недостасуваат перформанси и се зголемува разликата помеѓу најбрзите и побавните.

ако се зголеми гумениот слој, на тој начин им помагате на екипите кои имаат проблеми со загревањето на гумите. така тркањето ќе биде повоедначено.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ