Биното: Не се согласуваме, но нема да се жалиме

Ферари нема да се жали на исходот на Австриското Гранд При откако стјуардите го разгледуваа дуелот на Макс Верстапен и Шарл Леклер и не доделија казна за победникот на трката.

Возачот на Ред Бул имаше контакто со црвениот болид на Ферари претекнувајќи во 3та кривина на два круга пред крајот по што прв ја мина целната линиа.

Во својот агресивен маневар, тој го истурка Шарл надвор од патеката, а победата беше под знак прашалник неколку часови додека траеше истрагата за инцидентот. На крајот ФИА одлучи дека се работи за тркачки инцидент и нема казна за никото.

Матиа Биното изјави дека не се согласува со донесената одлука, но дека нема намера да се жали и како поддршка на спортот продолжуваат на следната трка.

ние во ферари сметаме дека донесената одлука е погрешна, но тоа е наше мислење. веруваме дека шарла лекелр остави доволно простор, не е виновен за ништо и со ништо не предизвика контакт туку беше истуркан и натеран надвор од патекта.

веруваме дека правилата се јасни без разлика дали на некого му се допаѓа тоа или не, а правилата се почитуваа и на претходните трки.

целосно ја почитуваме одлуката на стјуардите, тие се тука да пресудуваат и ние тоа го почикуваме. како фан на ферари, а јас сум голем фан на ферари, најдобро е да свртам нов лист и да продолжиме понатаму.

ние сакаме возачите слободно да се борат на патеката, но не сме задоволни од одлуката, не ја поддржуваме иако го разбираме фактот дека треба да продолжиме понатаму. сметаме дека тоа што нема казни е добро за формула 1 и спортот – објасни биното.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ