Биното објасни дека тимските наредби се за максимални поени

Матиа Биното, првиот човек на Ферари повторно застана во одбрана на стратегијата на Ферари во врска со користење на тимските наредби кои ги оправда за максимизирање на резултатите.

Италијанците користеа тимски наредби на сите трки од овогодинешниот календар, а дури два пати на последната трка во Шпанија. Општо гледано Себастијан Фетел е тој што за сега добива најмногу од тимските наредби, а Биното ги оправда истите со тоа што тимот е секогаш на прво место.

наша прва цел е да стигнеме до максимални поени за тимот, а за да го направиме тоа со оглед на фактот што имаме двајца возачи со различно искуство, мораме да направиме ред. ако треба да носиме некои одлуки во одредени случаи тие треба да бидат во корист на поискусниот, тоа е тоа – повтори биното.

Скудерија нема победа сезоната најмногу поради страшните Мерцедес, но и нивните грешки и технички проблеми. Сепак, Матиа верува во својот искустн четирикратен првак, Себастијан Фетел.

себ е фантастичен возач, има освоено четири титули и јас верувам дека доколку се чувствува удобно и мирно, може да донесе одлични резултати.

договорот на фетел не му гарантира преференцијален статус во екипата. не се работи за прв и втор возач туку за интересите на тимот пред се.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ