Биното открива: Фетел е целосно посветен и по 2020

Тимскиот шеф на Ферари, Матиа Биното, откри дека неговиот возач, четирикратинот првак Себастијан Фетел, е целосно посветен на Формула 1 и по 2020 година.

По низата слаби резултати, честите грешки и долгата серија без победа, медиумтие почнаа да шпекулираат дека Фетел размислува да се откаже од тркање во врвот на моторспортот, иако самиот возач тоа го демантираше. Неговиот договор истекува на крајот на следната сезона, а на Силверстон изјави дека новите правила ќе имаат силно влијание врз неговата иднина.

сметам дека себастијан е многу среќен во моментов. секако дека би бил посреќен доколку победува на трки и има повеќе перформанси од пакетот кој го има на располагање.

но, гледам дека сеуште има волја да се трка и има желба да победува. негова единствена желба е да победува со ферари и поради тоа немам сомнеж дека целосно е посветен на иднината – откри биното.

Последната победа на Себ беше во Белгија лани, а во моментов е на 100 поени зад Луис Хамилтон во возачкиот поредок.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ