Биното отфрла тандем Верстапен – Леклер

Првиот човек на Ферари, Матиа Биното, офрла носење на Макс Верстапен како колега на Шарл Леклер во најтрофејниот Формула 1 тим.

Четирикратниот шампион Себастијан Фетел има проблеми во Ферари, додека младиот Леклер е очигледен фаворит на тимот од Маранело. Како и Фетел, Макс Верстаепн нема договор со Ред Бул по 2020 година, а холанѓанецот бара слободно место во тимот во црвено.

Берни Еклстон изјави дека би сакал да ги види Леклер и Верстапен во ист тим.

Тоа се двајца целосно различни карактери кои победуваат на различни начини. Затоа да се избере помеѓу нив е тешко за мене. Сакам да ги видам во ист болид и да ги споредам – посака господин е.

Но, сепак, Биното отфрла таква комбинација.

Од времето на Шумахер, со Рубенс Баричело или Фелипе Маса до него. мислам дека е добро да се има прв возач и втор кој ќе победува на трки и ќе освојува поени. Два возачи како Макс и Шарл ќе прави проблеми за тимот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ