Биното: Очекуваме уште победи

Матиа Биното од Ферари е сигурен дека неговиот тим може да дојде до уште победи до крајот на оваа тркачка сезона, откако италијанците триумфираа на последните две трки возени во Белгија и во Италија.

Малата потисна сила која беше потребна во комбинација со и брзите свиоци на Монца и Спа беа добри за Ферари и тимот победи, но иако се предвидува спротивното од Ферари тврдат дека ќе има уште победи.

Знаевме дека на овие патеки ќе сме конкурентни. Таму се бара многу моќ од моторот и има големи правци. Важно е да не пропуштиме шанса како во првиот дел од сезоната.

Мислам дека не очекуваат интересни трки. Ќе има трки како тие во Германија или Канада и Бахреин каде доаѓаат до израз нашите слабости.

Тешко е да се погоди која ќе е интересна. Треба да се има вистинскиот баланс и такви каде што моторот не е важен – најави матиа.

Биното се надева дека формата од Монца не е само до новиот мотор. Тој верува дека и аеродинамиката си ја завршила работата.

Мислам дека не е до моторот, тоа ни дава брзина и сила на правците, но мислам дека и аеродинамиката си ја врши работата посебно со мала потисна сила. Сигурно брзината што ја видовте не е само од моторот. Работиме на повеќе потисна сила.

Фетел се согласува дека ова не е крајот на победите на Ферари.

Очигледно одиме напред иако не бевме фаворити оваа година. Мислам дека не треба да си паметен тоа да го видиш, Но сметам дека на следните трки можеби ќе сме поконкурентни. Имаме брзина, но мора сите работи да се во ред. Има многу трки и многу време.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ