Биното презадоволен и горд на Леклер

Шефот на Ферари, Матиа Биното беше многу среќен човек по неделната трка и се приклучи кон прославата на тифозите по крајот на Италијанското Гранд При.

Ферари немаше победа на Монца од 2010 година кога трофејот и го донесе Фернандо Алонсо, а овој триумф дојде на време како подарот за прославата на 90-годишнината од настанот на кој италијанците имаат ндури 20 победи.

Скудерија беше без победа годинава се до минатата трка кога Леклер им испорача победа во Белгија, а седум дена подоцна додје до победа и пред домашната публика.

можам да ви кажам дека за човек на ферари ова чувство е одлично без разлика дали сте шеф на екипата или механичар, прекрасно е. имавме одлична недела по спа.

почетокот на сезоната беше тежок така што две победи од кои една овдека во монца пред нашите фанови е одлично постигнување и поради тоа сум пресреќен.

ова е трка на која секогаш сакаме да победиме и мина долго време од нашата последна победа, беше тешко и денеска, но успавме.

пресреќен сум со резултатот, пресреќен, но и преморен – изјави биното.

Тој не можеше доволно да ги испофали Шарл Леклер, човекот кој го прероди тимот по летната пауза.

од почетокот на вториот дел од сезоната вози фантастично како што можевме да видиме од начинот на кој се бранеше денеска и ретко грешеше. то чувствува притисокот како поттик и вози одллично.

Шефот на екипата смета дека одлуката да се стават хард гуми на болидот на Шарл кога тој влезе по свежи пневматици во 19от круг била одлучувачка за крајниот исход на трката. Возачот одолеа на нападите најпрво на Луис Хамилтон, а потоа и на Валтери Ботас, возачите на Мерцедес кои беа на помеките медиум гуми.

ставивме хард гуми кои верувавме дека беа вистински избор затоа што знаевме дека абењето беше клучно и критично. задните гуми додека возевме софт беа целосно потрошени по крајот на првата серија и најдобар начин дасе заштитиме од тоа беше да возиме на хард.

моравме да се обидеме да си ја браниме позицијата на правците и ни требаше вистински ритам и брзина за да го направиме тоа. изборот на хард беше храбра, но исправна одлука во тимот.

За жал, колку што Италијанското Гранд При беше трка од соништата за Леклер, толку страдаше Себастијан Фетел кој не успеа да дојде до поени. Се изврте на Аскари и имаше небезбедно враќање на патеката по што следуваше казна.

сеуште не сум разговарал со себ, тој е зафатен со задолжителните интервјуа, но ќе го видам подоцна. штета за неговата трка затоа што се доближуваше до ботас и можеше да има одлична трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ