Биното призна: Требаше повеќе да мислиме на потисната сила

Матиа Биното, тимскиот шеф на Ферари, призна дека екипата требала повеќе да се фокусира на потисната сила кај овогодинешниот СФ90 болид.

Пред почетокот на сезоната италијанците беа фаворити по силните предсезонски тестови, но немаа сила да направат ништо против 8те последователни победи на Мерцедес на почетокот на сезоната, а посилни од нив во последно време се и Ред Бул со 2 победи на последните четири трки.

Овогодишниот болид на Ферари има супериорна праволиниска брзина, но има голем дефицит на потисна сила што на патеки со средни и бавни кривини е очигледно во времето по круг. Додавање на потисна сила е приоритет за Ферари, а Биното признава дека сака да се посвети повеќе време на тоа, како и на оптимизација на работата со гумите на Пирели. Италијанецот смета дека балансот помеѓу потисна сила и драг не е прашање на филозофијата на болидот или пак концептот, туку дека супериорниот мотор е тој што е виновен за брзината.

овие гуми секако дека бараат повеќе потисна сила само за да се загреат и соодветно да работат. ако се вратиме една година наназад секако дека повеќе фокус би ставиле на потисната сила споредено со она шт ого имаме сега, иако тоа ни одзема драг. тоа не е концепт, тоа е цела која станува појасна – изјави биното.

Матиа бил свесен со последните тестови пред сезоната дека Мерцедес склопиле силен пакет, но сметале дека нивниот СФ90 ќе биде достојна конкуренција.

искрено бевме изненадени од слабите перформанси на почетокот од сезоната затоа што мислвме дека можеби нема да сме напред, но ќе бидеме веднаш зад нив, а тоа не беше лсучај во австралија. можеби во бахреин беше, но просечно гледано, не сме онаму каде шт осакавме.

Големо обесхрабрување било и тоа што биле поразени во Барселона, патеката каде доминирале во текот на предсезонските тестови.

чудно е дека ако направите анализа на првиот дел од сезоната ќе видите дека некои болиди се брзи на некои патеки, а на други не. сметам дека сите екпии од почетокот имаа свои подеми и свои падови.

ако нешто треба да се погледне и анализира тоа се просеците. на зимските тестови беше случај кога ние возевме над своите можности или пак тие беа под своите можности од не знам кој причина. сезоната од почетокот е различна на различни патеки со различни гуми и времиња.

ние пропуштивме неколку можности и сигурно дека ќе беше подобро да имавме неколку победи зад себе, сликата ќе беше целосно различна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ