Биното смета дека поголем календар “не оди“ со кратење трошоци

Матиа Биното, првиот човек на Ферари, смета дека зголемениот број на трки уште од следната година ќе донесе голем предизвик кој со себе ќе го носи ограничувањето на трошењето и побарувањата за поголем персонал поради проширениот календар.

Формула 1 следната година речиси сигурно ќе има 22 трки, а Либерти Медиа сакаат постепено зголемување на бројот на Гранд При настаните во текот на годината.

Биното е свесен дека поголемиот календар иако не им се допаѓа на многумина, тоа е нешто што бизнисот го бара, но во исто време гледа проблем во персоналот кој треба да биде дополнително ангажиран.

мислам дека прво треба да се осигураме за финансиската страна на тоа што го правиме, треба да има корист за сите екипи од предвидениот финансиски баланс. ако балансот е позитивен тогаш треба да се реорганизираме како екипа. не смееме да дозволиме да комплетираме цела сезона од 24 трки со истите индивидуи – смета биното.

Италијанецот верува дека целиот календар ќе бара поголема ротација во однос на персоналот на тимот.

мислам дека ќе ни треба дополнителен број на луѓе за да ги ротираме, од механичари, преку инженери, дури и клучен менаџерски перснал затоа што и денеска механичарите вообичаено се ротираат, но клучнот персонал не.

како екипа сакаме да се осигураме дека ги задржуваме клучните луѓе во иднина затоа што треба да се потпрете на клучните луѓе во текот на годината и на крајот тоа може да биде клучно за резултатот.

повеќе трки ќе имаат многу големо влијание врз бројот на луѓето во иднина, ќе имаат влијание и врз логистиката затоа што треба да се менаџира транспортот насекаде низ светот. не е лесно и ќе има многу малку време за подготовка и организација затоа што поголем број луѓе не е лесно да се менаџираат, а во исто време да се остане во рамките на буџетското ограничување.

ризика секако дека постои затоа што можеби нема да можете да си го дозволите вистинскиот број на луѓе или затоа што ќе бидете оптоварени со дполнителни плати, а имате и ограничување на трошењето – појасни биното.

Првичните информации велеа дека ограничувањето на трошоците за 2021 година ќе биде 175 милиони долари по екипа, нешто што Матиа смета дека е многу за малите екипи. Исто така, шефот на Ферари смеа дека големите тимови може прекумерно да трошат следните две години за да го намалат влијанието на ограничувањето штом истото се воведе.

Исто така, намаленото трошење ќе значи и помалку предсезонски тест денови, нешто што ќе биде воведено уште во пресрет на сезоната која следи. Но, Биното смета дека намалениот број тест денови нема значително да ги загрозат екипите или пак многу да го намалат трошењето.

во минатото претставувањто на болидите вообичаено беше на почетокот на јануари, а потоа имаше неколку месеци до почетокот на сезоната. сега има две недели од тестот и веднаш се оди во австраиј без разлика на проблемите во тие две недели, а време да се поправат некои од нив во пресрет на првата трка нема

денеска зимскиот тест е всушност моментот кога го пробувате болидот и ги вочувате првичните проблеми и како тој се однесува на патеката, но никогаш немате доволно време да поправите некакви проблеми кои се појавуваат во пресрет на стартот на сезоната. Поради тоа имаме внатрешни делови од фабриките каде се повеќе се инвестира како симулаторите, каде се работи  секојдневно на развојот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ