Ботас: Безбедносното возило беше “кец на десетка“

Валтери Ботас смета дека тајмингот на виртуелното безбедносно возило било совршено за неговиот тим Мерцедес што во многу им помогнало да дојдат до 1-2 триумф на крај од Руското Гранд При.

Моторот на Себастијан Фетел откажа на средина од трката по што на сила дојде виртуелното безбедносно возило што им дозволи на возачите на сребрените болиди да променаг гуми и при тоа да загубат малку време. Со двојното менување, Хамилтон остана на чело на колоната, Ботас беше зад него, а Шарл Леклер позади со одлука и тој да мине на софт со второ влегување за да може да им парира на Мерцедес.

Финецот до крајот на трката успеа да го одбрани своето 2ро место од нападите на возачот на Ферари и да го осигура најдобриот можен резултат за тимот во Сочи.

тимот ја направи исправната работа денеска. одлуката од вчера да тргнеме на медиум што ни дозволи долга прва серија беше правилна така што бевме трепливи и чекавме што ќе се случи. секако дека тајмингот на безбедносното возило беше чудесно исправна, нема што.

се обидувме да балансираме првите неколку кругови по повлекувањето на безбедносното возило, да стинеме силно за да го задржиме шарл позади, но во исто време да држам растојание до луис затоа што блиско следење загрева се и станувате побавен. неколкуте секунди заостаток зад него кои ги имав беа идеални затоа што можеше да ме повлече на правците, а не лизгав низ кривините.

беше идеално, но морам да кажам дека луис беше премногу брз денеска особено во првата серија. не знам како, но немав шанси да возам со неговиот ритам. втората серија беше многу подобра за мене – изјави ботас.

Заостатокот на Ботас се зголеми на 73 поени во шампионатот кај возачите, додека “сребрените стрели“ имаат преност од 162 поени кај конструкторите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ