Ботас бил ограничен поради температурата во Канада

Валтери Ботас беше незадоволен по пласманот на 4то место на Канадското Гранд При, во кој тој бил ограничен поради растечка температура во моторот и сопирачките.

Ботас заврши надвор од подиумот за прв пат во 2019 година, откако се квалификуваше на шесто место и падна пзоади второто Рено на Нико Хулкенберг во првиот круг.

При првиот стинт, тој немаше напредок, но стигна до 4то место и го освои дополнителниот поен за најбрз круг по второто влегување во бокс на крајот на трката и монтирањето на софт компонентата.

Можам да бидам задоволен со 4то место. Очигледно напреднав неколку места и добив дополнителен поен за најбрз круг, така што тоа е позитивно, но освен тоа …

Почетокот на трката беше потежок од тоа што посакував. Изгубив една позиција во свиокот 2.

Имаше редица од неколку болиди со ДРС на почетокот. Бевме ограничени поради прегревање на моторот во првиот стинт, но и со сопирачките бидејќи ги следев многу блиску.

Чекав за мојата можност и по некое време тие влегоа во бокс. Но до тој момент изгубив многу време со првите три болида.

Кога бев во чист воздух формата беше ОК, немав посебни проблеми. Беше исто и во вториот стинт. Но се зависи од квалификациите.

Беше потопло еден или два степена претходниот ден и сметавме да бидеме во првиот ред, или вториот. Но од третиот ред беше многу потешко да се менаџира температурата. Знаеме дека може да биде проблематично.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ