Ботас благодарен на секој поединец во Мерцедес

Победникот на Јапонското Гранд При, Валтери Ботас изрази огромна благодарност до тимот што му овозможил да биде дел од 6та титула ов конкуренција на конструктори и откри дек е горд на секој поединец во Мерцедес и истотијата на екипата.

“Сребрените стрели“ сеуште се непоразени во борбата за титула во В6 турбо хибридната ера која трае од 2014 година. Ферари освојуваше шампионски титули кај констуркторите од 1999 година до 2004 година, Мерцедес го прави истото последните шест години, но Скудерија во периодот на својата доминација освои 5 возачки титули, “сребрените“ една повеќе.

јасно е дека сум многу горд. правиме историја и интересно е што кога работите за некој успех, моментот кога истиот ќе се оствари е некако смешно.

понекогаш треба да погледнете од надвор, да направите чекор на страна за да сфатите некои работи. сигурен сум дека по некој период ќе се вратиме наназад и ќе бидеме зачудени на успехот кој сме го имале.

во овој момент сигурен сум дека сите го ценат ова што го постигнавме и треба здивнеме за да уживаме иако сезоната не е готова и треб ада продолжиме да притискаме – појасни валтери.

Финецот побрза да им оддаде признание на сите во тимот на патеката и во фабриките во Бракли и Бриксворт кои неуморно работат и даваат огромен придонес во успехот на Мерцедес.

животот брзо поминува и важно е да се ужива во овие моменти, барем за мене. навистина, навистина сум многу, многу горд и среќен за секој член на тимот. знам колку се трудеа и колу вложија во овој успех и поради сакам сите да се горди со одличното постивнуање.

Борбата за титулата кај возачите се сведе на битка во Мерцедес помеѓу двајцата возачи откако и теоретски останатите отпаднаа “од игра“. Валтери знае дека надоместување на заостатокот од 64 поени ќе биде многу тешко.

се е можно и јса сум реален. ќе треба многу среќа за да ги победам трките до крајот на сезоната, тоа е факт. заостанувам поради мои грешки, јас сум виновен и ќе дадам се од себе да надоместам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ