Ботас возел со старата шасија на Хамилтон

Валтери Ботас изјави дека до победата на Јапонското Гранд При во Сузука стигнал возејќи ја старата шасија на неговиот колега Луис Хамилтон.

Актуелниот првак не беше задоволен од стратегијата на Мерцедес, но неговиот пласман им помогна на Мерцедес  да стигнат до конструкторската титула. Финецот победи во Јапонија откако беше побрз од Хамилтон во текот на викендот и сеуште е во теоретска игра за титулата на четири трки до крајот.

Имав нова шасија за оваа трка. Всушност тоа е старата шасија на Луис, Но од почетокот подобро се чувствував во овој болид – откри валтери.

На прашање дали е нормално тој да ја користи старата шасија на Хамилтон, тој одговори:

Луис доби нова, а јас ја користам старата. Тимот прави вакви замени понекогаш и не е ништо лошо и ништо ново.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ