Ботас до Хамилтон: Не е уште готово

Валтери Ботас остана разочаран по пласманот на второ место во Британското Гранд При, но го предупреди Луис Хамилтон дека нивната битка не е сеуште завршена.

Антонио Џиовинаци излета со својот болид, што го означи периодот на безбедносното возило. Ботас кој водеше во трката во тој момент, веќе беше влезен во бокс, но инцидентот му дозволи на Хамилтон да ја искористи ситуацијата и излезе пред Ботас, по што стигна до рекордна шеста победа во Силверстон.

Сепак, финецот го предупреди Хамилтон дека иако имале добра битка, нивната борба не е сеуште завршена.

Не знам што да кажам, честитки до Луис, има огромна поддршка тука.

Јас влегов прв и ја контролирав разликата и всушност сеуште бев во водство до безбедносното возило.

Луис доби слободно влегување во бокс. Јас исто така продолжив со медиум, што значеше дека ќе мора да влезам повторно при крајот. Не беше мој ден, но барем формата беше добра.

Има некои позитивни страни. Бевме најбрзи на патеката и формата во трка беше добра. Имавме добра битка, но не е уште готово.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ