Ботас е далеку од нивото на кое сака да биде

Валтери Ботас откри дека сеуште е многу далеку од нивото во Формула 1 на кое смета дека може да биде и очекува многу подобри денови за себе.

Петкратниот победник на трка доби продолжување на договорот од страна на Мерцедес за уште една сезона која ќе биде негова 4та во екипата од Бракли.

Финецот сеуште не е достоен предизвикувач во текот на целата сезона на неговито кога, а во моментов заостанува дури 62 поени зад Луис Хамилтон.

сеуште не сум на нивото на кое сакам да бидам, но ќе се подобрувам. сеуште имам многу години тркање пред себе, се чувствувам се подобро во болидот и секоја година е така.

сеуште сум далеку од она што верувам дека можа да бидам, мојата цел е многу, многу поголема од она ниво на кое сум сега и работам на тоа – најави ботас.

Валтери има одлична соработка со својот колега, очигледно е возач број два на екипата. Во својата кариера има 10 пол поизиции и вкупно 32 подиуми, но последните две години нема сила цела година да го притиска Хамилтон.

Сепак, тој не се откажува од овогодинешниот наслов и смета дека до крајот на сезоната ќе ја подобрува формата.

дефинитивно ќе имам подобро чувство до крајот на годината затоа што имам одлична поддршка од тимот, а разликата со луис не е преголема. никогаш не се знае што може да се случи, може ќе се отвори можност за титула, нема поента да се откажувам на седум трки пред крајот.

јас сум охрабрен од своите перформанси, немам сомнеж дека можам да го извадам најдоброто од себе и кога имам мотивација можам да победувам.

нетрпелив сум за сингапур, уште една трка која беше тешка за мене во минатото, а луис е силен таму. ќе дадеме се од себе за добар викенд.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ