Ботас лут што не победил

Валтери Ботас откри дека е фрустриран што не успеал да победи во Италија откако имаше шанса кон крајот да нападне за триумф.

Во најголем дел од трката финецот се возеше на 3то место, но многу подоцна од водечките двајца влезе по нови гуми по што неговиот ритам на крајот од трката беше значително подобар. Грешката на Луис Хамилтон на првата шикана му даде можност да му го превземе 2то место на колегата, но потоа и самиот погреши на исто место додека беше во потера по водечкиот Шарл Леклер на Ферари.

денеска се обидовме се што можевме и како тим и јас лично правевме се за да победиме. секако дека сум вознемирен затоа што бевме многу блиску, завршив на помалку од секунда до победа, но барем се обидовме.

проблемот беше што тие беа толку брзи на правците и тоа значеше дека мора да бидеме многу блиску до нив на кривините, но на тој начин беше невозможно да се следи.

исто така имав проблеми и со блокирање на предните сопирачки поради близината до болидот пред мене додека притискав силно.

што да кажам, не бев доволно добар, а иамвме силна трка, добра забава и уживав што можев да се борам за победа. ритамот беше доволно добар особено во втората серија – објасни ботас.

Валтери намали два поени од водството на Хамилтон во возачкито поредок поради тоа што заврши позиција пред него, но заостатокот е 63 поени на седум трки пред крајот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ