Ботас: Ми недостасуваа победите

Валтери Ботас е воодушевен што се вратил на победничките патеки за прв пат по Азербејџанското Гранд При низ улиците на Баку каде победи во месец Април годинава.

Финецот го искористи погрешниот старт на Себастијан Фетел и бавното тргнување на Шарл Леклер и изби на чело на трката уште пред првата кривина. Потоа водството го препушти во корист на својот колега само додека менуваше гуми.

уживав денеска и сфатив дека ми недостасувале победите, сакам повеќе. чувството беше одлично и дефинитивно сум пресреќен. навистина совршен ден и навистина совршен старт.

знаевме дека во пресрет на трката ќе имаме добар ритам како што видовме на претходните трки иако ферари не победија повторно на квалификациите.

среќен сум што успеав да стигнам до водствот отолку рано затоа што кога водите се е поразлично, можете да го контролирате ритамот и да ги менаџирате гумите – појасни ботас.

Финецот ја заврши трката со две застанувања во боксот додека неговиот колега првично се обиде само со едно, но во вториот дел од трката сфати дека тоа не е првилна стратегија.

знаевме дека се можни и едно и две застанувања по свежи гуми, а нема голема разлика помеѓу двете стратегии. не знаев навистина дали луис ќе оди со едно или две застанувања, но беше на медиум и немаше шанса со тие гуми да биде добар за до крајто на трката. сепак, бев по малку загрижен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ