Ботас можеби ќе го смени пристапот кон Хамилтон

Валтери Ботас вели дека можеби ќе постапи поинаку следниот пат кога ќе биде во дуел со тимскиот колега Хамилтон, откако изгуби позиција во првиот круг во Унгарија.

Ботас го следеше тимскиот протокол и му остави доволно простор на Хамилтон од надворешната страна на свиокот 2, што го чинеше моментум по излезот. Тој смета дека светскиот шампион бил малку повеќе на лимитот кога Луис го претекна во свиокот 3 и двајцата имаа мал контакт.

Неколку секунди потоа, Ботас имаше контакт со Шарл Леклер, а поради инцидентот беше оштетено предното крило што ја уништи неговата трка. Ботас вели дека не би оставил толку простор доколку бил во дуел со некој друг.

Понекогаш е така. Ние сме тука како тим, сакаме да ги максимизираме поените и не сакаме да ја компромитираме таа страна на нештата. Тркањето сеуште може да биде добро, а да не ги буткате возачите надвор од патеката, ако сте фер, но и цврсти, сеуште може да има почит.

Очигледно свиокот 3 беше на лимитот, Луис не остави многу простор, а во свиокот 2 каде изгубив беше поинаку. Но и двајцата се почитуваме и ги знаеме границите.

Тимскиот шеф Тото Волф појасни дека на неговите возачи не им е дозволено да ризикуваат до одреден екстрем, како во Австрија, кога Верстапен го претекне Леклер, но и го избутка возачот надвор од патеката.

ФИА смета дека таков маневар, каде возач ќе загуби, а имал можност да се откаже, е прифатлив. Сепак, Волф смета дека тоа не е во ред помеѓу тимски колеги.

Го разговаравме тоа во тимот. Дури и стјуардите сметаа дека инцидентот помеѓу Леклер и Верстапен е коректер, но ние во тимот не сметаме дека е коректер. Ние оставаме простор. Знаеме дека тоа нема да се случи помеѓу нашите возачи.

Беше за жал несреќен половина круг за Валтери. Постои надворешна линија во свиокот 2 и ако успеете да го задржите болидот во таа позиција тогаш ќе бидете од внатрешна страна на следниот свиок. Тоа го видовме во дуелот помеѓу болидите на Торо Росо и во Формула 2. Надворешната страна е можна линија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ