Ботас не знае како да го објасни заостатокот

Валтери Ботас потенцираше дека не знае како да го објасни дефицитот во однос на својот колега во последниот квалификациски сегмент за Француското Гранд При.

Финецот во К1 и во К2 беше најбрз и се чинеше дека е на добар пат да дојде до првата пол позиција од Шпанија. Но, во последниот дел, Хамилтон имаше подобар прв обид, а во второто дополнително го подобри своето време откако финецот не успеа да извози побрза обиколка на Пол Рикар.

мислам дека болидот добро се однесуваше. целиот викенд се чувствував добро и задоволно, но јасно беше дека ќе биде блиску на квалификациите како што беше цел викенд. мислам дека на крајот луис успеа да комплетира подобри и почисти кругови и со тоа да си ја заслужи пол позицијата.

мислам дека мојот прв к3 круг беше добар, но насоката на ветерот се менуваше низ квалификациите. во 8от и 9от свиок се мачев цел викенд на исто место, најдов некои добри линии за менување, но кога насоката на ветерот се промени не можев да ги користам. детали одлучуваа и поради тоа разликите не се големи.

во втората серија по малку немав среќа затоа што немав болиди пред мене кои би ме повлекле и губев брзина на правците. морав да надоместувам на кривините, но и претераното форсирање ме направи да губам време.

не сум задоволен затоа што се надевав на пол позиција, но и второ место е добро затоа што има долг правец во пресрет на првата кривина – смета ботас.

Финецот во пресрет на трката има дефицит од 29 поени во однос на својот колега, актуелен шампион.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ