Ботас не се откажува од титула

Валтери Ботас нема намера да се откаже од борбата за овогодинешната титула се додека е математички возможно нејзиното освојување, а и покрај големиот заостаток во поени во однос на неговиот колега Луис Хамилтон.

Возачите на Мерцедес меѓусебно си ги поделија 2те и 3те места на последните две трки, но дополнителниот поен за најбрз круг на Луис ми дозволи да ја зголеми својата предноста за еден поен по рестартот на сезоната. Во моментов актуелниот првак има 63 поени предност со 7 трки пред крајот на годината, така што Хамилтон е на прагот на својата 6та шампионска титула.

нема никаква поента да се откажам доколку математиката вели дека освојување на титулата е возмжно. јасно е дека е преоптимистички особено ак осе земе во предвид какви перформанси и константност има луис, но никогаш не се знае.

ова е формула 1 и се случуваат луди работи, поради што нема никаква поента да се откажам. се фокусирам индивидуално на секој настан, давам се од себе за да максимизирма перформанси од пакетот кој го имам на располагање. на крајот на годината ќе видиме што сме направиле, но нема да се откажам.

пробавме се што можевме во монца и максимизиравме се во однос на стратегијата, но се чини дека и тоа не беше доволно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ