Ботас очекува договор за следната година

Валтери Ботас направи голем чекор кон обезбедување на договор за 2020 година на тукушто завршената трка во Силверстон.

Тоа е тврдењето на Тото Волф, првиот човек на тимот, кој сеуште треба да одлучи кој ќе биде наредната година покрај Луис Хамилтон. Волф за РТЛ изјави дека неговите двајца возачи подеднакво ја заслужиле победата во Британија.

Ботас направи вистински чекор кон обезбедување на договор за наредната година. Неговите перформанси се одлични од почетокот на годинава. Тој не се откажува и докажа дека може да му парира на Луис Хамилтон.

Тото е задоволен со борбата на неговите возачи на трката, а на прашање на Нико Розберг одговори:

Убаво не научивте од 2014 до 2016 година. Вашето ривалство беше на друго ниво. Ова денес е фер и возбудливо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ