Ботас признава: Идеалниот старт ми донесе победа

Валтери Ботас е свесен дека идеалниот старт и одличнио прв круг му помогнале да стигне до победа на Јапонското Гранд При, прва по Азербејџанското Гранд При во Април месецов.

Финецот се квалификуваше на 3то место во Јапонија со подобро време од својот колега Луис Хамилтон и во пресрет на првата кривина успеа да го искористи лошиот старт на Себастијан Фетел и да му го превземе водството. Ја контролираше трката и со две застанувања во боксот за промена на угми комотно победи.

навистина имав одличен старт и секако дека тој беше дотолку повеќе нагласен затоа што оние околу мене не тргнаа како што треба. совршениот старт и сето тоа што понатаму се лсучуваше беше идеално за мојата трка.

знаевме дека имаме одличен болид за сузука, ритамот беше супер, но ако сте заглавени зад некој друг болид тоа не ви помага многу.

јас бев среќен што поведов на трката затоа што на тој начин ожам да го контролирам ритамот, а на оваа патека со чист воздух пред себе тоа прави разлика. навистина уживав – објасни ботас.

Валтери бил единствено загрижен за време на втората серија кога морал да претекнува многу побавни болиди.

имаше многу гужва и минував побавни болиди за цел круг поради што не можев “да фатам“ ритам. луис го немаше завршено своето второ менување и бев загрижен дека гумите може же му издржат до крај, добро ги менџирал. сепак, тој беше на медиум и се мачеше како и јас.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ