Ботас призна дека Леклер е многу силен за својата возраст

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, смета дека Шарл Леклер со својата 21 година е многу силен тркач иако се наоѓа во својата дебитантска сезона во Скудерија Ферари.

Младиот возач на екипата од Маранело има две победи и две пол позиции по ред, а во Монца агресивно се бранеше и се одбрани од нападите на двајцата возачи на Мерцедес кои беа со помеки гуми од него.

не видов ништо од трката освен она што го следев од мојот кокпит и затоа не знам што друго се случувало. чув на прес конференцијата дека се бранел агресивно, но не знам што се случило.

сигурен сум дека силно се тркал затоа што кога сте во водство многу тешко се откажувате од истото. за толку млад возач навистина е тврд тркач, што е одлично да се види затоа што тоа е потребно за во ферари – смета ботас.

Во моментов Валтери е на 63 поени од својот колега откако беше зад него во Белгија, пред него во Италија, но Хамилтон “ќари“ и поен за најбрз круг.

воопшто не размислувам за првенстото туку како да стигнам до најдобриот можен резултат на секоја трка. на половина од трката знаев дека имам шанса да победам со оглед на развојот на трката и мојот ритам на медиум, сметав дека ќе добијам шанса на крајот.

секогаш мојот план беше за многу долга прва серија з ада добијам можност за победа на крајот од трката. сепак, не успеавме во целост да ја спроведеме стратегијата, а сакав сериозно да нападнам. ништо не би направил поразлично одошто го направив.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ