Ботас работи со Мерцедес да ги поправи слабостите

Валтери Ботас откри дека тој и Мерцедес започнале процес кој треба да му подмогне да се подобри и да ги отстрани своите слаби страни во борбата со својот тимски колега.

Финецот имаше одличен почеток на оваа сезона и по четири трки водеше во поредокот, но нема победа на трка од тогаш и во моментов заостанува 63 поени зад својот колега кој веќе нанижа 8 победи годинава. Во Монца Валтери за прв пат заврши пред Хамилтон од Австриското Гранд При.

заедно со екипата започнавме процес за јас да се подобрам во некои сегменти кои ми се слаба страна. постојат некои работи кои луис ги прави мнугу подобро од мене како на пример следењето и приближувањето до болид за да бидам во состојба да напанам и останатите работи кои одат со тоа.

искрено мислам дека немаше начин да победам во монца со оглед на перформансите кои ги имавме и разликата во брзината на правците со ферари, а кон крајот моите гуми брзо деградираа и губев брзина. анализирајќи ја трката, знам дека можам да се подобрам, а тоа е една од силните страни на луис – смета ботас.

Тој е задоволен што сезоната не ја почнал како поддршка за Луис во неговиот поход на титулата, туку почнале како еднакви конкуренти за насловот.

секако дека чувствотот е различно, приодот во секој викенд е таков да се е возможно. тој е далеку во поени од мене, но не размислувам многу за тоа туку се фокусирам трка по трка.

како што реков, научив многу работи од ланската трка во сингуапур која беше многу тешка, ја почнав како 4ти, таму и завршив, но годинава треба да сум многу подобар.

овој спорт има многу детали и работи кои можат да се подобрат и треба да инвестирам време во тоа. ако сакам константно да го победувам луис тогаш треба многу да се потрудам и да направам се. подготвен сум за тоа.

имаме одлично расположение заедно со моите инжнери, обединети сме да најдеме ситници кои ќе ме направат побрз и да се подобриме. ме мотивираат и ми помагаат да најдам добар начин за работа и мислам дека ќе успееме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ