Ботас: Сезонава е моја најдобра во Ф1

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, кој се наоѓа под силен притисок да испорача сезонава, смета дека има одлична година и покрај се што се случува околу него.

Финецот почна со победа во Австралија како прекин на 2018 година во која не триумфираше нити еднаш, а потоа стигна и до уште една победа низ улиците на Баку. Исто така, има четири саботни победи сезонава, исто колку и Луис Хамилтон што е исто колку и 2017 година која му беше рекордна во однос на пол позициите.

Но, на последните неколку трки се повеќе испаѓа од борбата за титула, се мачеше да стигне до 8то место и едвај 4 поени во лошата за него Унгарија откако во Германија направи грешка и заврши во ограда.

позитивните работи е што оваа година е најдобра во мојата формула 1 кариера и константно се подобрувам.

квалификациите ми се одлични, тркањето се посилно, иако е јасно дека во унгарија не можев соодветно дса го проценам ритамот затоа што имав болиди пред себе и таа трка за мене беше целосн оралзична.

тоа се позитивните работи, а негативните се дека има трки на кои не искористи можности кои ми се укажуваа. понекогаш грешката беше моја, понекогаш тимот немаше доволно перформанси, но сеуште “бркам“ константност која ми фалеше на последните неколку трки – објасни ботас.

Падот во перформанси го однесе Валтери на заостаток од 62 поени зад својот колега.

секако дека разликата е голема, многу поголема одошто посакував, но тоа е тоа и не можам да направм ништо во моментов. но, има уште мноуг трки, јасно е дека не сум во убава ситуација, но ќе морам да се потрудам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ