Ботас смета дека заслужува да остане во Мерцедес

Валтери Ботас изјави дека заслужува да остане во Мерцедес како колега на Луис Хамилтон во иднина, откако својот престој во Бракли тој до сега го регулираше со едногодишни договори.

Претходно финецот изјави дека тешко е да добие нов договор поради лошата сезона минатата година, но Ботас се врати посилен оваа година и е конкурент на Хамилтон на секоја трка за победа. Сепак тој сака да остане колега на Хамилтон и наредната година.

Доколку не беше Луис, можеби ќе имав повеќе победи. Но да бидам искрен тоа нема да ми промени многу, бидејќи ситуацијата ме натера да станам подобар.

Сакам да го предизвикам. Би сакал и нов договор за наредната година – јасен е валтери.

Мерцедес сепак го разгледува пазарот на возачи, а на резервната клупа го имаат Естебан Окон, додека во Вилијамс го имаат Џорџ Расел.

Мислам дека се докажав во тимот и заслужив место во Мерцедес, Но треба да почекаме уште неколку трки.

Ништо не е потпишано сеуште, но јас одам напред и се надевам дека се ќе биде во ред. Доколку го напуштам Мерцедес би сакал да сум во тимот што е на второ место, а тоа во моментов е Ферари – не крие окон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ