Ботас тестираше подобрувања во шасијата и агрегатот

Мерцедес донесе нова шасија и компоненти за агрегатот на тестот во Шпанија, а тимот се надева дека ќе може да ги користат на следните неколку трки.

Веднаш по нивната петта последователна 1-2 победа во сезоната, Сребрените Стрели се вратија на патеката на првиот ден од тестот, а болидот го возеше Валтери Ботас.

Ботас го заврши денот како најбрз, со 1 десетинка заостанување од времето по круг за пол позиција кое тој го постигна.

Денешниот тест беше навистина добар. Извозевме многу кругови и научивме многу. Нашата програма се фокусираше на пневматиците и на сетапот. Собравме многу податоци од тркачкиот викенд во слични услови, така што добро е да се направи споредба.

Имавме неколку нови механички елементи на болидот кои беше интересно да ги пробаме. Сите завршија одлична работа, а ова е уште еден успешен ден.

Главниот тркачки инженер на Мерцедес, Ендру Шовлин, откри дека Ботас тестирал нови делови на шасијата и на агрегатната единица.

Имавме ден без проблеми за Валтери и поминавме поголем дел од програмата. Бројот на денови е ограничен, така што важно е се да биде подготвено на време.

Имавме неколку нови подобрувања на шасијата и во агрегатот што се надеваме дека ќе ги искористиме на следните неколку трки. Работевме и на сетапот со помеките компоненти за патеки како Монтреал и Монако.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ