Ботас 5ти на своето рели деби

Формула 1 возачот Валтери Ботас, успеа да победи на една етапа во Арктик Лапленд Рели возејќи Форд Фиеста, а истото го заврши на 5то место севкупно.

Финецот возеше слична спецификација како во ВРЦ шампионатот и се тркаше против редовни рели возачи во финското првенство, но тие возеа послаби возила од ВРЦ2 класата.

Ботас бавно стартуваше и беше само на 7мо и 9то место по првите две етапи, а потоа стигна и до 5то место, позиција која ја зачува до крајот на релито. Тој успеа и да победи на една етапа, кусата 2,17 милји во Мантајавара во која беше за 2,3 секунди побрз од редовниот учесник во рели првенството Хенрик Пиераинен.

Ботас најголем дел од релито го “бркаше“ Пиераинен кој возеше Шкода Фабиа, кој сепак заврши пред него со одлично возење на псоледните две етапи на кои победи.

Совозач на Валтери беше Тимо Раутаинен, долгогодишен совозач на неколкукратниот ВРЦ првак Маркус Гронхолм, а на релито за прв пат се тркаше и Никлас Гронхолм, синот на Маркус.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ