Бразил: Важна победа за Ветел, шампионско возење од Хамилтон

Себастијан Ветел стигна до својата петта победа во 2017 година и воедно ја прекина сушата на Ферари во Бразил, кои последен пат се искачиле на највисокото место на подиумот во 2008 година со Фелипе Маса. Ова беше 47 победа во кариерата на Ветел, негова трета на Интерлагос. Веќе крунисаниот светски шампион, Луис Хамилтон, прикажа неверојатна форма и стигна до четвртто место, притоа стартувајќи од боксовите.

Ветел имаше одличен старт и катапултираше покрај Валтери Ботас од Мерцедес во првиот свиок. Во неговото Ферари го имаше потребното темпо да се одбрани од возачот на Мерцедес и притоа да го искачи тимот од Маранело на првото место на подиумот за првпат по Големата Награда на Унгарија во Јули.

Валтери Ботас заврши како второпласиран, со 2.7 секунди заостанување, додека Кими Раиконен во последните неколку кругови покажа зошто е вреден возач за тимот и успешно се одбрани од нападите на Луис Хамилтон, задржувајќи ја третата позиција.

Додека на врвот дојде до промена на водечките места, по стартот подолу на гридот страстите на некои возачи беа преголеми. Кевин Магнусен го избутка Стофел Вандорн кон Даниел Рикардо, што доведе до поголем судар и излегување на безбедносното возило.

Рикардо иако се изврте по контактот и падна на последното место, сепак успеа да продолжи, додека Вандорн и Магнусен беа приморани да се откажат. Подоцна во истиот круг, Роман Гросжан и Естебан Окон се најдоа во дуел и во истиот свиок кадешто Хамилтон изгуби контрола во квалификациите, возачот на Хаас Ф1 изгуби контрола, се изврте и го поведе и Окон, за кого тоа беше крај на трката, додека Гросжан успеа да продолжи со казна од 10 секунди. За Естебан Окон, Бразил беше прва трка со откажување во неговата Формула 1 кариера.

По рестартот на трката, Ветел го задржи водството пред Ботас, Раиконен и Макс Верстапен, додека Фелипе Маса имаше одлично претекнување на стартно-целната рамнина над Фернандо Алонсо за петтата позиција.

Хамилтон кој возеше на софт пневматици, имаше одличен напредок низ гридот и веќе беше во поени по само 9 кругови, претекнувајќи го Пјер Гасли за 10то место. Важно е да се истакне дека Мерцедес се решија да го извадат болидот на Хамилтон од Parc Ferme по вчерашните квалификации, да вградат нов агрегат и други делови, како и да го подесат болидот за повисока температура, додека сите останати болиди ги задржија подесувањата од вчерашните квалификации коишто се одржаа во полоши временски услови. Се разбира, сето тоа е дозволено кога болидот стартува од боксовите.

Ботас беше прв кој влезе во бокс за софт компонента, додека Ветел влезе еден круг покасно и успеа да го задржи водството во трката пред возачот на Мерцедес. Како што тие кои стартуваа на суперсофт ги изведоа своите влегувања во бокс, Хамилтон го превзеде водството на трката се до 43 круг, кога и тој ги промени своите пневматици, враќајќи се на 15то место, 19 секунди позади Ветел.

Четирикратниот шампион беше најбрз од возачите на патеката, стигнувајќи и претекнувајќи го Верстапен во свиокот 4 на 12 кругови до крајот. Набргу потоа го стигна и Кими Раиконен, но не успеа да се справи со одбраната на ледениот финец.

Верстапен кој имаше проблеми со деградација на своите пневматици во последните мигови од трката, по вжештена дебата преку тимското радио, влезе во бокс и промени на суперсофт, но ја задржи својата позиција пред тимскиот колега, Даниел Рикардо, кој исто така извозе одлична трка.

Фелипе Маса успеа да се одбрани од нападот на Фернандо Алонсо и го освои седмото место во неговото последно домашно Гранд При. Серхио Перез иако блиску до Алонсо, сепак заврши позади шпанецот на деветта позиција, додека Нико Хулкенберг од Рено го освои последниот поен на 10 место, прв пласман во поени по трката од Сингапур.

Ова е конечниот пласман по Големата Награда на Бразил:

[table id=39 /]

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ