Брандл: Реално, Леклер е лидер на Ферари

Поранешниот Формула 1 возач и сегашен стручен коментатор на Sky, Мартин Брандл, изјави дека реално во моментов Шарл Леклер е лидер на Ферари, превземајќи ај таа улога од Себастијан Фетел.

Во Бахреин и во Австрија младиот возач од Монако беше многу блиску до победа, која конечно стигна минатиот викенд во Белгија во одлична трка на која не му дозволи на Луис Хамилтон да се доближи доволно близу за да нападне.

Брандл го пофали младиот возач за одлично менаџираната трка која успеа да ја комплетира со смртта на својот другар Антоан Хубер во мислите.

неговиот круг за пол позиција беше безгрешен, стартот и рестартот совршени, а менаџирањето на гуми драстично подобрено. на крајот од трката никогаш уморниот луис хамилон го бркаше, но тој не подлегна на притисокот.

сме го виделе леклер како вози на врвно ниво неколку пати до сега, еднаш беше по смртта на татко му, потоа по смртта на неговиот пријател жул бјанки, а сега и по смртта на хубер.  го носеше моќниот ферари сам на рамена, а има само 21 година – напиша брандл во својата колумна.

Искусниот коментатор смета дека битката во Ферари оди во негова корист.

знаев дека ќе биде добар, но не до толку. ефективно е лидер на екипата затоа што себастијан фетел се мачи да ја стигне неговата брзина и контрола, а шарл многу брзо се подобрува.

тешки времиња се за себ со викендов во спа и се што се случи таму, сигурно размислува за иднината на својата кариера.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ