Браун бил емотивен кога Мик прослави како татко му

Директорот за моторспорт на Формула 1, Рос Браун, вели дека бил емотивен кога видел како Мик Шумахер стигнал до својата прва победа во Формула 2, потсетувајќи го на неговиот татко, Михаел.

Шумахер успеа да стигне до победа на спринт трката во Хунгароринг и да се одбрани од Нобухару Матсушита за неговата прва победа.

Победата за синот на седумкратниот шампион го привлече вниманието во светот бидејќи тоа беше подиум за еден Шумахер на тркачки викенд од 2006 година, кога Михаел стигна до својата 91ва и последна победа.

Победата на Мик во Будимпешта беше на патека каде неговиот татко имаше рекорд, со 3 победи, една од нив во 2001 година кога ја освои 4та светска титула.

Браун, кој беше клучен во успехот на Михаел со Бенетон и Скудерија Ферари, ја поддржува кариерата на Мик и неговиот напредок. Браун бил емотивен кога Мик ги кренал рацете во вис, слично на како Михаел ги прославуваше своите победи.

Тоа беше емотивен момент кога го видов со кренати раце и не можам да негирам дека ме потсети на татко му. Мик мораше да се бори за победа и да избегне грешки до победата. Истата стигна по помалку несреќен почеток на сезоната и ова ќе му даде самодоверба за неговите способности.

Успехот на помладиот Шумахер го привлече вниманието на медиумите ширум целиот свет и покажува дека презимето Шумахер сеуште значи многу и колку внимание може да создаде.

На Мик треба да му се дозволи да напрдува постепено со цел да го дознае својот квалитет. Но победата беше важен момент, има уште многу пред него, но тој е на вистинската насока.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ