Браун ги сака сите тимови во следната сезона на Нетфликс

Формула 1 организацијата сака да ги види сите 10 тимови за снимањето на втората сезона на Нефликс серијата за спортот.

Денеска почна со емитување првата сезона од Формула 1: Вози за да преживееш на Нетфликс.

Во првата сезона може да се видат 8 тимови бидејќи Ферари и Мерцедес одбија да бидат дел од снимањето. На крајот на сезоната Ферари дозволи пристап и сепак ќе ги видиме во последните епизоди од оваа сезона.

Формула 1 е во преговори со сите тимови за втората сезона. Иако сеуште не е потпишан договорот сепак снимањето започна уште во Барселона, а камерите ќе бидат присутни и во Австралија.

Рос Браун верува дека сите тимови ќе ја разберат вредноста на вмешаноста во вакви промотивни настани.

Мислам дека спортот треба да расне и растот треба да биде побрз за тимовите кои се дел од процесот. Мислам дека тимовите го препознаа вмешувањето и тоа не само на патеката, туку секаде каде што е потребно да се развие спортот. Можеби не секој тим ја има таа одлука, но сеуште не се решени. Ова е голем чекор напред во 2019 година.

Зборувајќи на промоцијата на серијата по гледано само две епизоди, Браун изјави дека фановите сакале да знаат што повеќе за спортот.

Мислам дека вечерва ќе се види. Тоа е пример за промените што доаѓаат. Се гледа возбудливоста на сите вмешани од другата страна. Сега не сум со некој тим, но се гледа емоцијата на сите тимови, индивидуалци, механичари, инжинери и фамилии. Знам дека мојата многу претрпе, но сепак имаше задоволство. Сега го гледам тоа на филм.

Откако започна новата ера, една од работите која сакавме да ја покажеме е другата страна на возачите. Тука се гледа зошто се тие посебни. Што ги прави извонредни. Мислам дека во првите две епизоди видов различни страни на Формула 1. Во втората ми се допаѓаше хемијата на Саинз и Алонсо. Тие се работи кои не се гледаат.

Шефот на маркетинг на Формула 1, Ели Норман изјави дека втората сезона се дискутира со тимовите.

Во овие моменти се водат преговорите. Веќе се снимаше во Барселона и ќе се снима во Мелбурн и би сакале тимовите да се вмешани. Започнавме разговори, но за нив треба време. Мислам дека Нетфликс веруваат во ова и ќе го финансираат снимањето. Но есеуште немаме краен рок.

Норман изјави дека Луис Хамилтон немал време за целосно да се посвети на проектот.

Дел од вмешансота на тимовите ја разбирам бидејќи тие се многу зафатени бидејќи имаат многу работа. Посебно ги разбирам Мерцедес бидејќи имаат возач кој е зафатен со мода и музика.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ