Браун го најави Алонсо до Индикар

Шефот на Мекларен, Зек Браун, откри дека возачите вклучени во Индикар проектот на компанијата следната година може да добијат Формула 1 тестови и шанса да се тркаат во врвот на моторспортот.

Мекларен најави дека влегуваат во американската тркачка серија од следната година со програма за цела сезона заедно со Ероу Шмит Петерсен моторспорт. Главниот извршен директор на компанијата најави дека имало голем интерес за екипата откако најавиле свој влез во серијата.

телефонот беше многу активен откако објавивме дека влегуваме во индикар.

во моментов го имаме дебитантот серџо сете камара кој има обврска за тестови во нашиот формула 1 проект, но секако дека штом ги ангажираме индикар возачите тоа ќе им донесе можност да бидат дел од нашиот формула 1 проект. ќе има различни начини за користење на ресурсите кои се на располагање – најави зек.

Името на Фернандо Алонсо е најповрзувано со новиот проект на Мекларен, а Сем Шмит најави дека екипата размислува и за три болиди на патеката догодина. Зек најави дека ќе се сретне со Нандо во Монца вп Септември за негово потенцијално вклучување во проектот.

ќе се видам со фернандо на италијанското гранд при. тој е свесен за се што се случува со нашите индикар активности веќе некое време. мислам дека неговата желба да победи на инди 500 сеуште е огромна, но сеуште нема интерес од него за цела сезона во индикар.

тој има 20-годишно тркачко искуство и мислам дека сакаше слободен втор дел од сезоната за да одлучи што ќе прави во иднина. мислам дека би бил одличен во индикар, познавајќи го него и неговиот возачки стил, би била многу успешен и добредојден кај нас.

фернандо е тип на човек на кого му се дава можност и се чека тој да реши дали ќе ја прифати или не. ќе го направам тоа следниот месец и мислам дека догодина ќе има желба за индикар сезона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ