Браун и Мекларен размислуваат за влез во WEC

Зак Браун потврди дека Мекларен размислуваат околу учество во Светското Првенство на Издржливост (WEC) следната година, откако олеснетите правила за хипер автомобили отвораат врата за повеќе производители.

Во 1995 година, Мекларен Ф1 ГТР победи на Ле Ман, возен од ЏЏ Лето, Јаник Далмас и Масанори Секија.

Мекларен наводно бил дел од група на производители кои лобирале да се додаде класа на хипер автомобили од 2020 година, додека Астон Мартин сака да усчествува со моделот Валкири, ко-дизајниран со Ред Бул Ф1.

Откако Формула 1 програмата покажа знаци на живот во последно време по очајни неколку години, Мекларен се обидоа и во ИндиКар, но Алонсо не успеа да се квалификува за Инди 500.

Целосно учество во американската серија не е веројатно според Браун, кој инсистира дека неговото внимание е насочено кон трките на издржливост.

Ги имаме правилата, сериозно размислуваме околу учество на Мекларен на трките на издржливост. Сакавме да учествуваме со автомобил кој веќе го произведуваме со технологија која ни е веќе на располагање.

Изгледа дека правилата ќе го дозволат тоа. Ни се допаѓаат правилата и размислуваме да учествуваме во следната сезона. Ако сакаме да учествуваме во 2020-21 година, немаме време за губење. Тоа значи дека ќе одлучиме набргу.

Ако се посветиме кон WEC, тоа ќе биде одделна програма од Ф1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ