Браун отфрла тврдења дека болидите во 2021 ќе бидат исти

Директорот на Формула 1, Рос Браун, ги опиша тврдењата дека идните болиди во Формула 1 ќе бидат исти како “глупост“, поради ограничувањата во дизајнот за 2021 година.

Неделава, Формула 1 го прикажа пристапот во аеродинамиката за идните болиди, воедно враќајки ги болидите со “земјен ефект“ во обид да се подобри претекнувањето и самиот спектакл.

Сепак, тимовите се загрижени дека новата филозофија и правила ќе ја ограничат креативноста на дизајнерите, што ќе доведе до ситуација со слични болиди кои нема да бидат привлечни за навивачите.

Но Браун ја негира таа можност, инсистирајќи дека мандатот на новите правила е првично да го подобрат целото шоу. Дополнително, тој додаде дека и сегашните болиди се прилично слични.

Бевме многу насочени од самиот почеток, бидејќи ако не сме, нема да ги постигнеме целите. Постојат поплаки дека болидите ќе изгледаат слично или исто, како и други “глупости“ кои ги слушнав.

Како тест, Пет Симондс, ги зема сите моментални болиди и ги отстрани шарите од истите и ги постави на ѕид. Неможе да ја забележите разликата помеѓу нив откако ќе се отстранат боите.

Мора да бидете екстремно фокусиран за да ги распознаете, а дури и во канцеларијата успеавме да издвоиме само три. Кога ги гледате моменталните болиди без боја, не знаете за кој станува збор.

Браун сепак не ја негираше потенцијалната рестриктивна природа на идните правила, но вели дека биле потребни ограничувања со цел креативните дизајнери и инженери да не отстапуваат премногу во решенија кои би ја потиснале главната цел, а тоа е болидите да може да се следат еден со друг полесно.

Знаеме дека со овие насочени правила, креативните умови во Ф1 ќе најдат различни решенија.

Правилата се такви бидејќи сакаме да се осигураме дека ќе ги постигнеме целите, но има и доволно слободен простор. Несомнено, од слободата која ја имаа тимовите досега, ќе биде фрустрирачки.

Но ако го применат пристапот дека овие правила се исти за сите и ако го прифатат фактот дека ако завршат подобра работа од другите, нема да бидат 2 секунди побрзи, туку 2 десетинки побрзи, тогаш тоа и треба на Формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ