Браун: Торо Росо доби најмногу од Хонда

Рос Браун верува дека подобрувањето на Ред Бул Рејсинг е целосно поврзано со работата која Торо Росо ја заврши минатата година со Хонда.

Одлуката на крајот на 2017 година која ја донесе Ред Бул за нивниот тим Торо Росо да премине на мотори на Хонда беше за да се овозможи полесен пристап и однос. Издржливоста на Хонда е одлична досега и Ред Бул и Макс Верстапен се поблиску до Мерцедес.

Имаше четири Хонда мотори во топ 8 во Монако и тоа е најдобар резултат за јапонскиот производител во последните години. На бракот со Ред Бул му претходеше, веридбата со Торо Росо. Тоа многу му помогна на тимот од Милтон кинс. Дополнително е што имаат млади возачи со различно искуство кои се доста конкурентни – смета браун.

Хорнер ги поздрави перформансите на Верстаепн кој извозе одлична трка во Монако. Браун се надева дека има и друг возач кој е добар во Ред Бул.

Верстапен го знаеме веќе и се трудиме да заборавиме дека има само 21 година. Пјер Гасли брзо се вклопи и ги надмина Торо Росо, а Дани Квјат е одличен по паузата. Алекс Албон има огромен прогрес и е изненадувања. Во монако тој се докажа дека е брз и паметен, посебно со менаџирањето на гумите каде извозе 40 кругови на софт кои ги користеше на квалификациите. Тоа беше одлична стратегија споредено со неговиот колега кој запре порано и промени на хард. Двете различни стратегии им помогнаа на возачите на Торо Росо да завршат со двојни поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ