Браун: Трошењето на гумите е најслаба страна на Ферари

Извршниот директор на Формула 1, Рос Браун, вели дека Британското Гранд При потврдило дека “ахиловата пета“ на Ферари е трошењето на пневматиците.

Формата на Скудрија во квалификациите ги доведе до позиција да се борат за првите редови, но во трката уште еднаш се покажа нивниот главен дефицит.

Кога станува збор за перформанси во летечки круг, Шарл Леклер беше неверојатен, а ја изгуби пол позицијата во последниот сектор кој не одговара на карактеристиките на нивниот болид.

Сепак, во трката, Ферари беа на трето место, далеку позади Мерцедес и позади Ред Бул. Трошењето на пневматиците особено се покажа како нивна “ахилова пета“.

Тоа можеше да се забележи во Петок и иако успеаја делумно да се поправат, не беше доволно да ги доведе до подобра позиција за борба за победа. Во Маранело, мора да анализираат зошто се случува тоа и мора да реагираат брзо ако сакаат да ја продолжат својата битка за титулата.

Двајцата возачи имаа многу различни трки. Леклер стигна до петти подиум во сезоната, четврт во низа. Очигледно беше задоволен по трката, што не само го покажа неговиот талент и возачки стил, туку и храброст во дуелите, во одбрана и во напад.

Фетел од друга страна, не беше расположен. Од Канада, Себастијан се мачи се повеќе и повеќе, а во Силверстон продолжи. За разлика од Леклер, тој не удобен во болидот и тоа може да се види во разликата во квалификациите, во трката, тој не го искористи безбедносното возило.

Потоа дојде грешката кога удри во Верстапен. Сфати дека направил грешка и по трката му се извини на Макс.

Браун смета дека притисокот на Фетел не е познат за германецот.

Ова е тежок момент за Себастијан, тој најверојатно чувствува поинаков притисок и сигурно се запрашува себеси во која насока да се движи, откако и годинава, шансите да биде успешен со Ферари исчезнуваат.

Себастијан е неверојатен возач, неговите резултати го покажуваат тоа, но во моментов, тој мора да биде смирен и да се потпре на поддршката од тимот, кој сигурен сум дека ја добива.

Сметам дека не постои друг тим како Ферари кога станува збор за покажување на позитивна енергија и страст кон своите возачи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ