Браун: Ферари менаџираат нов баланс помеѓу Фетел и Леклер

Рос Браун смета дека тимскиот шеф на Ферари, Матиа Биното, мора да менаџира нов баланс помеѓу Себастијан Фетел и Шарл Леклер, но предупредува дека италијанскиот производител мора да биде совршен на секое ниво за да го порази Мерцедес.

Се почестите тимски наредби во Ферари доведоа до дополнителни главоболки во текот на Кинеското Гранд При, кога Леклер беше приморан да го пропушти Фетел, додека возачот од Монако сметаше дека е побрз отколку четирикратниот шампион.

Откако менаџирањето на своите двајца возачи од Ферари беше критикувано на втора трка по ред, поранешниот шеф Браун верува дека моменталниот тимски шеф, Биното, добро се справува со ситуацијата, но го очекува тешка задача.

Матиа Биното се најде себе си да менаџира нова ситуација во Ферари, во облик на двајца возачи кои се борат на многу високо ниво. Засега, Матиа добро се справува, од една страна со талентираниот Леклер, додека ги менаџира вредните ресурси на Фетел, кој е четирикратен шампион.

Ова е дефинитивно тешка година за Себастијан, а подиумот во Шангај би требало да биде подобрување во самодовербата, додека Шарл покажа зрелост во прифаќањето на тимски наредби кои не се лесни.

Првите три трки потврдија дека доколку Ферари сака да ги предизвика Мерцедес, се мора да биде совршено на секое ниво, перформанси, издржливост и тимска работа. Тоа е нешто што Матиа и неговите момци мора да го направат, а знаејќи го Матиа, сигурен сум дека тој е свесен и ќе се посвети на тоа.

Во Бахреин, тимот имаше перформанси, но не и издржливост. Во Кина, перформансите не беа на нивото на Мерцедес.

Не верувам дека 2019 година ќе го следи истото сценарио како во 1992 година. Три последователни победи од Луис Хамилтон и Валтери Ботас се резултат на тимот и нивното совршенство во моментов, со одличен технички пакет, но исто така тие се соочуваат со посилна опозиција, наместо таа во 1992 година.

Во Бахреин Ферари доминираа во квалификациите и доколку не се случеа техничките проблеми, тимот ќе имаше одлична победа за Шарл Леклер. Во Кина, сепак перформансите беа на страната на Мерцедес, како и во Мелбурн.

Ред Бул, особено со Макс Верстапен, се подготвени да нападнат, да докажат дека оваа прва година со Хонда е само почеток. Сепак, мора да прифатиме дека Мерцедес сеуште има сила од фактот што се доминантни во последните неколку години.

Што и да биде исходот, се надевам дека борбата во првенството ќе биде навистина спектакуларна, како бенефит за спортот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ