Браун: Фетел е под поинаков притисок во Ферари

Поранешниот шеф на Ферари и сегашен Спортски директор на Формула 1, Рос Браун, смета дека Себастијан Фетел сезонава се соочува со нов вид на проблеми и притисок во Маранело.

Сезоната е тешка за четирикратниот германски првак, а Силверстон беше долга точка кога во борба со Макс Верстапен, најпрво беше минат, а потоа се заби во задниот дел од неговиот Ред Бул болид, добивајќи казна на крајот од трката за предизвикување судар. Себ официјално заврши на 16то место, прва трка на која остана без поени по Германското Гранд При лани каде непречен од никого се заби во ограда.

себ е во тешка ситуација. веројатно чувствува дека е под поинаков притисок окошто е навикнат и мора да се запраша себе во која насока да оди со оглед дека годинава ќе има уште една сезона без титула во ферари.

по канада се мачи се повеќе и повеќе, а во силверстон достигна дно.

за разлика од леклер, не се чувствува удобно во болидот што се гледа помеѓу разликите со него на квалитикациите, а на трката не ја искористи можноста која му се укажа од излегувањето на безбедносното возило откако го наследи 3то место. потоа погреши и се удри во верстапен, веднаш сфати дека вината е негова и му се извини – појасни рос.

Шарл освои четврди последователен подиум и се приближи на само 3 поени од својот многу поискусен колега, кој сеуште е подобро пласираниот возач на Ферари. Браун смета дека Себастијан мора да се потпре на поддршката од Ферари и да се надева дека ќе продолжи во посилен ритам.

себастијан е неверојатен возач како што покажуваат бројките, но во моментов треба да се смири и да се потпре на поддршката која ја има од екипата, која сум сигурен дека ја добива.

нема друга екипа како ферари кога се работи за возачите, страста, посветеноста и позитивната енергија – смета браун.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ