Брачес заминува од Ф1 на крајот на годината

Шон Брачес, Директорот за комерцијални операции на Формула 1 ќе замине од тркачакта серија на крајот на оваа година. Тој заедно со Главниот извршен директор Чејс Кери и Директорот за моторспорт, Рос Браун се главниот менаџмент на спортот поставен од страна на Либерти Медиа кога американците ја превземаа тркачката серија на крајот од 2016 година.

Гласините дека Брачес ќе ја напушти Формула 1 се од минатиот месец, а според британски RACER, 59-годишникот навистина го информирал Бордот на Формула 1 дека има намера да замине по крајот на оваа година.

Под раководство на поранешниот Извршен директор на ЕСПН, Формула 1 склучи неколку нови договори за емитување на преноси, започна свој стриминг сервис и имаше значителен раст на социјалните медиуми. Тој беше предводник и во организацијата на неколку фестивали за фановите низ светот со цел да се донесе спортот многу поблиску до луѓето.

Дел од заслугите за две нови трки следната година, Холандија и Виетнам се и негови, но и вината што во спортот сеуште нема втора трка во Америка.

Местото на Рос Браун се чини е загарантирано со оглед на големата промена на правилата, додека Договорот на Чејс Кери е валиден до крајот на следната година, а веќе има најави за негово заминување.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ