Брачес сака Бразилско ГП во Рио

Комерцијалниот шеф на Формула 1, Шон Брачес, напишал писмо до претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, како поддршка за преселба на Големата награда на Бразил од Сао Паоло во Рио де Женеиро.

Бразилски Globo пренесува дека Брачес испратил писмо и до Гувернерот на Рио, Вилсон Витзел и Градоначалникот Марцело Кривеља, барајќи состанок. Се претпоставува дека Шон сакал изградба на патека во градот како замена за застарениот Интерлагос во Сао Паоло.

Весникот пренесува и дека властите во Рио биле контактирани и од Dorna, компанијата која е сопственик на МотоГП серијата како и од најпознатиот конструктор на тркачки патеки, германецот Херман Тилке. Претпоставките се дека областа Деодоро во Рио може да биде можна локација за новиот автодром.

Брачес во Азербејџан потврди дека ги напиал споменатите писма.

ако изградбата заврши до септември 2020 година, формула 1 трката може да се одржи уште во ноември – изјави за O Globo официјално лице од компанијата рио Моторспорт.

Чејс Кери, Главниот извршен директор на Формула 1 во Ноември лани го посети Рио и се сретна со челниците на градот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ