Брембо: Карбон керамички сопирачки се иднината во Ф1

Формула 1 би можела да премине кон карбон-керамички сопирачки во иднина доколку сакаат да имаат повеќе влијание кон секојдневните автомобили, сугерира снабдувачот Брембо.

Ф1 моментално користи сопирачки од карбон како стандард, а материјалот за првпат се користи во Гранд При трките од доцните 1970ти.

Но користењето на технологија не премина кон апликации во секојдневните автомобили поради потешкотиите од користење на карбон сопирачки во ладно време или влажни услови доколку дисковите не се загреани.

Сепак, напредокот во користење на карбон-керамички сопирачки овозможи тие да се користат во некои спортски автомобили, а Брембо сметаат дека тие се доволно добри да се користат и во Ф1.

Иднината со сопирачките системи не мора да биде со карбон-карбон дискови. Брембо гледа дека апликација на материјал кој е поприменлив на секојдневни автомобили. Пример се карбон-керамичките сопирачки, кои се користат во автомобилот Мекларен Сена.

Доколку сакаме решенија во Ф1 кои се поблиски со секојдневните производи, би можеле да се движиме во таа насока – изјави Марио Алмондо, извршен директор за Брембо.

Карбон-керамичките сопирачки ги имаат повеќето од бенефитите на карбон-карбон сопирачките, но се поиздржливи бидејќи керамиката која се користи во нивното производство помага при отпорот кон термалниот шок.

Продолжениот живот исто така значи дека се отстранува помалку прашина од карбон при нивното користење, што има бенефит и кон околината.

Можно е дисковите да траат до 7 трки. Исто би додал дека карбон-керамичките сопирачки не емитираат толку карбон честички. Да, како материјал тежи многу, но би можел да има исти перформанси, дури и во Ф1. Тежината можеби е проблем, но може да дискутираме околу тоа подоцна.

Ф1 разгледува дали да премине кон стандардизирани дискови на сопирачките и целосни системи за сопирање од 2021 година, откако го започна тендерот минатиот месец.

Алмондо изјави дека Брембо аплицирале да станат снабдувач на Ф1 за двата дела, а одлуката од ФИА се очекува наредната недела. Сепак, тој вели дека би сакал конкурентната атмосфера да продолжи помеѓу снабдувачите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ